Услови за користење
Општи услови за купување
Нарачки – резервации може да се прават повеќепати дневно или кога Вам ви одговара.
Кај производите веќе е наведена цена намалена за рабат.
По резервирањето на производите, тие се наоѓаат во кошничката каде што сè уште можете да ги прегледате и исправите, Прегледај ја кошничката.
Потоа, со или без преглед на кошничката, потребно е да ја Потврдите листата на нарачани производи. Дури тогаш производите се резервирани за Вас и се видливи во прегледот на производи на B2B shop со означена количина што сте ја нарачале.
Секако е добро да ја Потврдите листата на нарачани производи, без разлика колку пати дневно или неделно нарачувате производи, бидејќи на тој начин производите се резервираат.
Исто така може да се видат во Листа на резервирани производи каде што се обединуваат сите Ваши нарачки – резервации.
Во Листа на резервирани производи ќе го видите вкупниот износ на резервирани производи кои се достапни и посебно оние кои се во преднарачка.
Кога износот на достапни производи Ви одговара за испраќање, во Листа на резервирани производи на дното кликнете на ПОБАРАЈ ПОНУДА.
Потоа ќе Ви испратиме понуда за плаќање.
ПОБАРАЈ ПОНУДА немојте да го притискате додека немате намера да ја повлечете расположливата достапна стока, бидејќи потоа системот автоматски испраќа понуда.
Нарачаните производи кои се достапни, а за кои не е побарана понуда, се бришат по 30 дена, остануваат само производите во преднарачка.
Кога ќе се најавите првпат, слободно јавете се за да Ви помогнеме со првата нарачка.
Доколку има некакви проблеми, што е можно на почеток, Ве молиме веднаш да нè известите.